Папата Франциск повика на забрана на сурогат мајчинството

Папата Франциск вчера повика на глобална забрана на родителство преку сурогат мајчинството, нарекувајќи ја практиката „жалосна“ и дека претставува сериозно нарушување на достоинството на жените и децата, пренесува Ројтерс.

Неговото барање веројатно ќе предизвика противење на про-ЛГБТ групите, со обзир на тоа дека дека сурогат мајчинството често го користат ЛГБТИ двојките кои сакаат да имаат деца.

Последните изјави на Папата доаѓаат откако тој неодамна одлучи дека свештениците можат да благословуваат истополови бракови.

„Ја оценувам практиката на т.н сурогат мајчинство за жалосна, што претставува сериозно нарушување на достоинството на жените и децата и се заснова на искористување на ситуацијата на материјалните потреби на мајката“, рече папата во 45-минутното обраќање пред дипломатите акредитирани во Ватикан, кое понекогаш се нарекува негов говор за состојбата во светот.

„Следствено, ја изразувам мојата надеж дека меѓународната заедница ќе се обиде универзално да ја забрани оваа практика“, додаде поглаварот на Римокатоличката црква.