Папата Франциск ги поддржа истополовите партнерства

Папата Франциск изрази поддршка на истополовите граѓански партерства истакнувајќи дека хомосексуалците се „деца на Бог и имаат право на фамилија“. Тој ваквиот коментар го изнесе во нов документарец кој своја премиера имаше на Римскиот филмски фестивал.

Ова е најдиректната поддршка на оваа тематика која Папата ја искажал откако стана лидер на Католичката Црква.

Во филмот, папата повика на закон за граѓанско партнерство кој ќе им дозволи на припадниците на ЛГБТИ+ заедницата право да основаат фамилија.

„Тие се деца на Бог и имаат право да основаат фамилија. Никој не треба да биде отфрлен или да се чувстува мизерно“, изјавил Папата.

Тој својата поддршка за граѓанските партнерства ја нагласил уште во времето кога бил Архбишоп во Буенос Аирес.

Сепак, ова е прв пат 83 годишниот свештеник јавно да ги поддржи истополовите бракови.

„Ние мораме да создадеме закон за граѓански партнерства. На тој начин тие ќе бидат легално осигурени. Стојам зад тоа“, дополнил Папата.

Католичката црква ги казнува геј лицата долго време, а сѐ уште гледа на сексуалноста како растројство. Истовремено, Црквата учи дека хомосексуалните актови се грев, но нејзиното модерно гледиште е дека хомосексуалноста не е грев.

Папата Франциск, чие родено име е Хорхе Марио Бергољо, за време на својата служба направи неколку покајувачки гестови кон ЛГБТИ+ заедницата, но сепак според неговите лични погледи сѐ уште се противи на геј браковите.

Додека ваквиот став на Папата беше пофален од една страна, конзервативците во црквите повикаа на разјаснување.

„Изјавата на Папата јасно се коси со долготрајното учење на црквата за граѓанските бракови. Црквата не може да поддрши прифаќање на објективно неморални врски“, изјавил Томас Тобин, конзервативен бишоп од САД.

Документарниот филм е во режија на Евгени Афиневски, американски државјанин со руско потекло. Освен Папата, филмот претставува еден духовник и геј жртва на сексуална злоупотреба.

Филмот прикажува и комуникација помеѓу Папата и геј лицето кое заедно со својот партнер имаат посвоено три деца.

„Идејата на филмот е да се прикажат луѓето како битија кои создаваат катастрофи секој ден. А Папата е еден од оние кои не поврзува“, истакнал режисерот Афинески во интервју.

Извор: DW