Панорама од Монблан е најголемата фотографија направена досега

Тим на фотографи од повеќе земји воден од Filippo Blengin објави огромна фотографија од 365 гигапиксели, со што се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Станува збор за панорамска фотографија од највисокиот планински врв во Европа.

Единаесеттата највисока планина во светот, европската Монблан, е субјект на најголемата фотографија во светот.

Со тоа го срушија рекордот за најголема фотографија, кој претходно го држеше фотографија направена во Лондон во 2013 година, со големина од 320 гигапиксели.

Петчлениот тим поминал две недели на височина од 3500 метри надморска височина, на температури под нулата.

Користеле Canon EF 400mm f/2.8 II IS, Canon 70D DSLR и Canon Extender 2X III, со кои направиле 70000 фотографии во сите правци околу планината во рок од 35 часа континуирано фотографирање.

Процесирањето и составувањето на 46 терабајти траело два месеци. Доколку фотографијата се отпечати, би имала големина колку фудбалско игралиште.

Извор: Telegraph