„Панк рок пикник“ пред платото на МКЦ

Неколку балкански бендови ќе бидат дел од „Панк рок пикник“ кој ќе се одржи пред платото на Младинскиот културен центар во сабота, на 7 јуни.

„Панк рок пикник“ пред платото на МКЦНа концертот ќе настапат домашниот панк-рок состав „Новиот почеток“, како и специјалните гости од Грција „Despite Everything“ од Атина и „10 To Go“, потоа словенскиtе „ Seehearspeak“. Свој акустичен сет ќе има и Марко Крстевски „xMAPKOx“.

„Панк рок пикник“ започнува во 18, а ќе трае до 1.30 часот. Организатори се Sixtynine Records & Coffee Mug Booking, а влезот чини 150 денари.

Новиот Почеток“ се добро познати на домашната панкрок публика. Бендот постои од 2002 година и зад себе има 3 албуми и 3 поголеми турнеи во последните неколку години од кои две се европски. Последен пат пред скопската публика настапија на второто издание на “Земјотрес”. Оваа есен ќе го снимаат својот четврти албум.

Despite Everything“ се четворица момци од Атина кои ја делат страста за свирење панк-рок, долги возења и неудобни ноќевања низ светот. До сега имаат издадено два 7”, 10” сплит со INxSANE, и 7” сплит со Unfun, а “The Dawn Chorus” минатото лето го промовираа и во Скопје.

SEEHEARSPEAK“ е post hardcore проект на Дарио (ex INxSANE) со панк рок позадина и “diy“ етика. Приказна полна со емоции и пријатни чувства, меланхолична музика која пренесува горчлива порака. Овој февруари беа заедно со Real Life Version на нивната прва Европска турнеја.

„10 To Go“ е панк рок бенд од Грција, а минатиот пат во Скопје беа предгрупа на Wilhelm Scream во МКЦ. Зад себе имаат едно EP, а новиот албум ќе го промовираат на оваа турнеја.

xMAPKOx“ е соло-проект на Марко Крстевски. Под влијание на “направи сам етиката“, стрејт еџ филозофијата и фолк-панк музиката реши да ја земе својата гитара и искрено да стои зад секој кажан збор.