„Панфиз 2020“ на 19 и 20 септември на платото пред МНТ

Годиншното, 13 по ред издание на Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ќе се одржи на 19 и 20 септември, на платото пред МНТ.

Оваа година е најавено гостување на гости од Србија – „Алис ин Вондербанд” со претставата „Кис”. Од  Бугарија ќе дојде Филип Дончев, со претставата „Лакомиот”, а за затворањето е најавен буто перформанс, копродуциран од театри од Македонија и Србија.

Со оглед на новонастанатата ситуација поради коронавирусот, фестивалот ќе се одржи на отворено, со спроведување на сите протоколи за заштита од Ковид-19. Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Билети ќе бидат поделени пред претстава по принципот прв дојден прв услужен, за да се создаде ред во однос на препораките. На присутните ќе имсе мери температура пред влегување, носењето маска е задолжително за сите, а дезинфекциони средства ќе бидат поставени на видни места.