Панел дискусија – Ромите и Холокаустот од Втората светска војна

Панел дискусија - Ромите и Холокаустот од Втората светска војнаВо среда на 18 септември во клубот ГЕМ (Менада) во Скопската Чаршија ќе се одржи панел дискусија на тема:  Ромите и Холокаустот од Втората светска војна.

Говорници на дискусијата ќе бидат професорите Љатиф Демир и Трајко Петровски, како и новинарот Муарем Рамуш.

Модератор на настанот е Горан Игиќ.

Настанот во клубот ГЕМ е организиран од страна на Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа. Почетокот е закажан во 18 часот.