Панел-дискусија „Разоткривање на родово базирани дезинфо наративи преку квир литературата“

Медиумската писменост во државата, квир литература во С. Македонија и преведувањето на квир литература од странски автори, како и кого институциите слушаат кога станува збор за родовите и квир прашањата. Како можеме да градиме на сојужништво? Кои се влијанијата од ниска медиумска писменост и мала бројка на луѓе кои читаат?

Ова беа само некои од идеите кои се разгледувани на дискусијата „Разоткривање на родово базирани дезинфо наративи преку квир литературата“ организирана од Делегација на ЕУ во С. Македонија во рамки на Месецот на гордоста 2025, пренесува агенцијата Мета.

Говорнички беа проф. д-р. Кристина Н. Николовска од Институтот за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Мања Величковска од Коалицијата Маргини и Калиа Димитрова основачката на дигиталната феминистичка платформа Медуза.

Настанот ги стави во фокус улогата на квир литературата како алатка за критичко читање на општествените наративи кои се протегаат но нашите заедници и го нагласи значењето на медиумската писменост како клучен механизам во борбата против дезинформациите. А, говорничките секоја од својата пракса и искуство понудија различни перспективи за тоа како квир наративите и искуствата можат да послужат како критичка рамка не само за разобличување на дезинформациските обрасци, туку и како алатка за унапредување на правата на ЛГБТИ+ заедницата.

Целта, како што пишува Делегацијата, е да се ги зајакне локалните заедници во градењето отпорност против дезинформациите засновани на идентитетот и другите малигни влијанија насочени кон човековите права и слободи.

А, на 21 јуни на скопските улици ќе се одржи шестата Парада на гордоста под темата „Ќе (оп)стоиме заедно“. Организаторите најавија дека наместо славење, централниот настан ќе биде во форма на протестен марш без музички настапи. Причината, како што пренесуваа нашите медиуми, е „институционалната невидливост на ЛГБТИ+ заедницата, особено во образованието“.

Мета.мк