„Паметни автобуски постојки“ – конкурс на ЈСП за подобрување на јавните услуги

Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје распишуваат конкурс, насловен „Паметни автобуски постојки“, кој треба да поттикне изнаоѓање на решенија со цел да се подобрат јавните услуги, но со вклученост на заедницата.

На натпреварот ќе се изработува идејно решение за автобуската постојка на ул. Димитрие Чуповски бб (Рекорд-Центар).

Тој е отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој и дизајн на идејни решенија. За учество на натпреварот, треба да се пријават на следниот линк. Поднесувањето на електронски пријави започна од 02.09.2016 година и ќе трае до 15.10.2016 година.

Во хакатонот може да учествуваат лица, индивидуалци не помлади од 18 години. Понатаму, критериумите за учество ги исполнуваат и тимови од најмалку 2 до најмногу 5 членови, исто така не помлади од 18 години, или сите микро, мали и средни претријатија од сите индустрии и сектори регистрирани како трговски друштва согласно Законот за трговски друштва и регистрирани во Централниот регистар на РМ, кои постојат најмногу 6 години во моментот на аплицирање и кои воведуваат или вовеле иновации во рамки на своите деловни активности.

На натпреварот може да има само еден победник, кој ќе може да избере една од следните награди: паричен износ од 60.000 денари, зимување за победникот/победниците со покриени трошоци за транспорт и сместување со полн пансион, реклама на автобуси во износ од 120.000 денари, реклама на автобуски постојки во износ од 120.000 денари .

Сите учесници на натпреварот ќе добијат билети за жичарница за 2 возења и месечни билети за градски превоз за 2 месеци.

Дополнителни информации за правилата и условите на натпреварот се достапни на овој линк.

Вчера ЈСП го објави повикот за учество на „Скопски автобуски хакатон“, но кој е повеќе во насока за зголемување на задоволството од користењето јавен градски транспорт.

ЈСП со повик за „Скопски автобуски хакатон“ – софтверско решение за оптимизација на линии