Паметна етикета ќе покажува кога храната и козметиката не може да се користат

Научници од Американското здружение на хемичари развија евтин, пренослив сензор во хартија кој ќе може да детектира кога се расипува храната и козметиката, со резултати кои се лесни за читање.

„Отсекогаш сум била заинтересирана во развивање на технологии кои е пристапни и за индустријата, но и за пошироката јавност“, вели Силвана Андрееску, доктор на науки. „Мојата лабораторија изгради платформа за детекција која ги вклучува сите потребни реагенси на едно парче хартија. Истовремено, може да се адаптира на различни цели, како загадувачи на храна, антиоксиданти и слободни радикали кои индицираат дека производот е расипан“.

Она што го прави сензорот на Андрееску поразличен од другите, вели таа, се наноструктурите кои ги користи за да ги фатат и сврзат компонентите кои ги бараат.

„Користиме стабилни, неоргански партикули, кои кога се во интеракција со супстанците кои треба да ги детектираат, ја менуваат бојата. Интензитетот на промената ни кажува колку е концентрирана супстанцата која загадува“.

Потенцијалната примена на овој пронајдок е широка. На пример, сензорот досега успешно функционирал при детектирање на антиоксиданси во чај и вино. Андрееску, која работи на Универзитетот Кларксон, и нејзините колеги откриле овие производи имаат уникатен антиоксидантен „отпечаток“, кој може да се користи за потврдување на автентичноста. Преносливиот сензор може да се користи кај истражувањата на отсечени локации, како амазонската дождовна шума, во потрага по природни ресурси на антиоксиданси.

Неодамна, Андрееску ја проширила детекцијата на загадување на храна и околина. Еден протип на сензорот може да забележи ократоксин А, габичен токсин кој често може да се најде во производите како житарици и кафе. Вели дека детекцијата може да се прошири и на салмонела и Ешерихија коли.

Тимот ја проширува работата и во друг правец – развивање на уред кој детектира кога веќе не може да се користи и козметиката. Иако тестирањето за оваа примена сè уште трае, Андрееску вели дека технологијата еден ден ќе може да се вметне во паметни етикети кои ќе им кажуваат на потрошувачите кога да го фрлат производот.

Научниците ги презентираа своите откритија во понеделникот, на 254-тата Национална средба и изложба на Американското здружение на хемичари. Здружението, кое е најголемо од ваков тип во светот, секоја година одржува околу 9.400 презентации на различни теми.