Македонски стартап наскоро ќе промовира прв паметен асистен за наоѓање на соодветни автобуски релации, кој ќе помогне при пребарувањето и ќе го олесни купувањето на билет.
Се работи за bus.mk, паметна платформа преку која лесно и едноставно ќе можете да се најде најсоодветната релација и веднаш да се резервира. Сето корисниците ќе го прават со помош на личниот интелигентен асистент за патување, чие име е Ејми.
Ејми ќе може за многу кратко време да прави резервации и со тоа да ги олесни секојдневните проблеми и губењето време на пребарување. Ејми исто така „патува“ на повеќе локации и дава препораки од прва рака за местата што треба да се посетат, каква храна да се проба и слично, кога корисникот е на одредено патување.
На веб сајтот на bus.mk исто така корисниците можат да се зачлените за најновите информации. Фејсбук страницата на платформата можете да се најдете тука, а оттаму можете да се следи и на останатите социјални медиуми.
Bus.mk за прв пат беше најавен во рамки на Техноинвент 2016 минатата сабота, а стартапот е дел од Codequbate.ME програмата на Стартап Зона.