Пакистан ги направи „убиствата на нечесни жени“ казниви со затвор

Пакистанските мажи кои ги убиваат своите женски роднини во име на честа нема повеќе да можат да избегнуваат казна, откако парламентот на државата конечно го усвои законот кој одамна го ветуваше.

Законот усвоен во четвртокот гарантира затворска казна од 25 години затвор, и им оневозможува на семејствата легално да „им простат“ на извршителите на „убиството од чест“. Пред да се усвои овој закон, илјадници убијци на млади жени шетаа слободно, без основ да бидат осудени.

Бидејќи ваквите убиства се вообичаено спроведени со согласност на целото семејство, убијците често се ослободени под исламистичкиот закон за „крвави пари“, против кој активистите за човекови права се борат со децении.

Воведени во 1990 година, законите за убиство од одмазда и убиство за чест предизвикаа епидемија на убиства. Во 2015 година биле пријавени 1096, иако реалната бројка е веројатно многу повисока.

Ќерките и сестрите беа убивани поради „носење на срам на нивните семејства“ на различни начини, како мажење за мажи кои сами си ги избрале или губење на невиноста пред брак.

Иако службениците во Пакистан се противат на шеријатското право, не го осудуваат ваквото убиство.

Последнава година, владата повеќе пати ветила дека ќе преземе акција да ги забрани дупките во законот кои овозможуваат ваквите злосторства да останат неказнети, особено после новинацијата за Оскар на пакистански документарец на таа тема.

Парламентот вчера усвои и нов закон против силување, кој би требало да ги забрза судењата и да бара задолжително тестирање на ДНК, друг предлог кој им пречеше на религиозните лидери во минатото, кои велеа дека според шеријатското право силувањето може да биде потврдено само со сведочење од страна на повеќе сведоци.