Паднаа Оскарите во мед: „Медена земја“ со две номинации за „Оскар“

Македонскиот документарен филм е кандидат за „Оскар“ во две категории – за „ Најдобар документарен филм“ и за „ Најдобар Интернационален филм“.

На 92та оскарска церемонија, која ќе се одржи на 10 февруари оваа година, „Медена Земја“ ќе се натпреварува во две категории.

 

Позитивните критики документарниот филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, зуеја низ етаблираните весници како „Гардијан“, „Њујоркер“, „Њујорк Тајмс“, „Ролинг Стоун“ и „Венити фер“, откако „Медена земја“ освои три награди на филмскиот фестивал „Санденс“. Директна пофалба македонскиот документарец доби и од познатата актерка Сара Џесика Паркер и познатиот американски комичар, Мајк Бербиглија.

Документарецот го следи животот на Атиџе, последната пчеларка во Европа, која треба да ги спаси пчелите и да го врати природниот баланс во „Медената земја“, откако фамилија на номадски пчелари се населуваат блиску до неа и стануваат закана за околината.

Ова е прв пат македонски филм да се натпреварува во две категории за „Оскар“, а е втор македонски филм кој се закитил со оскаровски номинации. Пред 26 години, „Пред дождот“ на Манчевски беше номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар странски филм“.

Целата листа со номинираните кандидати ТУКА.

Погледнете го официјалниот трејлер на филмот: