Ози Озборн го најави последниот албум со Блек Сабат

Ози Озборн, пејачот на Блек Сабат, најави дека наредната година легендарниот хеви метал бенд со помош на продуцентот Рик Рубин ќе го сними последниот албум во кариерата.

Ози Озборн го најави последниот албум со Блек Сабат

Во изјава за магазинот „Метал Хамер“ Озборн рече дека во почетокот на 2015 година членовите на бендот би можеле заедно со Рубин, со кого во 2013 година снимија многу успешен албум под наслов „13“, ќе почнат да работат на нов, вкупно 20-ти студиски албум.

Таа најава е малку изненадувачка, затоа што уште кон крајот на минатата година бендот најави дека најверојатно веќе нема да влезат заедно во студио. Гитаристот Тони Ајоми кој последните години се лечеше од лимфом, им рече тогаш на новинарите дека не знае дали тоа ќе биде добро со оглед на неговата здравствена состојба. Но, Озборн сега вели дека тој, Ајоми и басистот Батлер, иако немаат напишано нови песни ќе започнат со проби веќе кон почетокот на наредната година.

– Тоа треба да се започне што побрзо иако сешто се случуваше со здравјето на Томи и тој поминува низ третман против рак, но ние ќе влеземе во тоа наредната година, потврди Озборн додавајќи дека се уште не знае дали новиот материјал ќе го снима во родната Англија или Лос Анџелес, но ако треба, „ќе одлета и на Месечината“.