На отворено пред Арената „Борис Трајковски“, оваа година од 8 со 14 септември ќе се одржи Саемот на книга.
Присутните ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.
Согласно протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, Саeмот на книга 2020 ќе се одржува на отворен простор.
Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14. септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез ќе чини 30 денари, а за деца и млади до 18 годиниле изнесува 20 денари. Истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.