Оваа година „Скопје Прајд“ ќе се одржи виртуелно

Со проекција на мини документарно видео за одржувањето на првата скопска Парада на гордоста, но и меѓународната соработка, ќе започне овогодинешниот виртуелен „Скопје Прајд“.

Започнувајќи од 20 јуни, прајдот ќе трае до 30 јуни, а деновите ќе бидат исполнети со онлајн проекции и работилници, но и бесплатни тестирања за ХИВ.

За 27 јуни, закажано е онлајн вклучувањето кон глобалниот прајд, на кој ќе учествуваат Pabllo Vittar, Adam Lambert, Conchita Wurst, Todrick Hall, Nancy Pelosi и други.

„КОВИД-19 не ни дозволи да маршираме оваа лето, но затоа пак не може да нѐ спречи да прославиме сите заедно онлајн! Погледнете ја нашата агенда и бидете во тек со активностите“, соопштија од организацијата.

Во прилог, целосната програма за Скопје Прајд 2020.