Ова сум јас – конкурс за најдобра фотографија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукаци и истражување со поддршка на Град Скопје објавува конкурс за најдобра фотографија на тема: „Ова сум јас“.

Ова сум јас – конкурс за најдобра фотографија

Покажувам нешто мое, нешто што е значајно и поинакво… ми ја исполнува душава, телово, и ми носи насмевка на моето лице, безброј насмевки…А, знаете насмевката е заразна. ОВА сакам да го споделам со Вас…моето слободно време.

Конкурсот е организиран како дел од проектот „Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дроги помеѓу средношколска популација во Скопје“ поддржан од Град Скопје.

Критериуми за учество:

Право на учество имаат сите средношколци од средните училишта на подрачје на град Скопје,
Секој учесник може да учествува на конкурсот со повеќе од една фотографија,
Фотографиите кои се пријавуваат претходно не смее да бидат објавувани на групни или самостојни изложби, весници, магазини или други промотивни материјали,
Фотографиите кои што се пријавуваат не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите лица кои се на фотографијата претходно треба да дадат согласност за нивно фотографирање,

Технички критериуми:

Фотографијата треба да биде во резолуција не помала од 5 мегапиксели,
Фотографијата да биде во JPEG формат,
Со секоја испратена фотографија потребно е да се испрати и наслов или слоган на фотографијата.

Фотографиите и нивните наслови односно слогани, кои се пријавуваат не смеат да содржат било какво насилство, да навредуваат или пак да дискриминираат по било која основа.

Фотографиите се испраќаат на следната е-пошта: fotografija@hera.org.mk. Во пораката треба да бидат испратени информации за авторот: име, презиме и контакт телефон. Со испраќањето на фотографиите, авторите се согласуваат да бидат објавувани во печатена или електронска форма за потребите на организаторот на конкурсот.

Конкурсот трае од 17-ти април до 3 мај. Во периодот од 3 до 8 мај сите пристигнати фотографии кои ги задоволуваат критериумите на конкурсот ќе бидат објавени на фејсбук страницата на ХЕРА ( www.facebook.com/hera.macedonia ). 20-те фотографиите со најмногу лајкови ќе влезат во потесен круг на селекција. Од овие фотографии од страна на стручно жири (составено од преставник на Град Скопје, ХЕРА, млад човек и фотограф) ќе биде избрана победничката фотографија и ќе се одберат фотографиите кои што ќе учествуваат на завршната изложба .

Авторот на победничката фотографија ќе биде награден со велосипед.