„Ова не е ислам“: Кампањата #NotInMyName повторно активирана после нападите во Париз

„Овие напаѓачи не ги следат верувањата на ниту една религија. Идеологијата на терористите е омразата“.

„Оној кој ќе убие невин човек, исто како да го убил целото човештво“, „твитна“ новинарот од Лондон Shehnaz Khan во петок, цитирајќи го Куранот. Khan на својата порака ги додаде и пораките #TerrorismHasNoReligion и #NotInMyName.

Веднаш после бранот терористички напади, во кој животот го изгубија повеќе од 130 луѓе во Париз минатиот петок, многу муслимани и немуслимани низ светот повторно го „оживејаа“  хаштагот #NotInMyName, да се спротивстават на Исламска држава и да покажат дека не се дел од екстремизмот кој тие го шират.

ИСИС тврдат дека се одговорни за координираните напади.

Хаштагот #NotInMyName стана популарен во септември 2014 година, кога фондацијата Active Change, организација со седиште во Лондон која се бори со насилство и екстремизам кај младите, лансираше кампања со која покажува како младите британски муслимани се спротивставуваат на ИСИС.

Изминатава недела, фондацијата повторно „твиташе“ пораки кои ги охрабруваат муслиманите да кажат дека се спротивставуваат на екстремистите, истовремено заштитувајќи се од нападите на другите етнички и религиозни групи.

Извор: Huffington Post