Отворено: Зошто младите ја бараат иднината надвор од својата земја?

Според Светска банка, 16% од младото население ја напуштило земјата оваа година – уште многу повеќе се со истата намера. Зошто младите ја бараат иднината надвор од својата земја? е темата на денешното издание на дебатната емисија #Отворено. Говорници се:д-р Марија Топузовска Латковиќ, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Дона Костуранова, Младински образовен форум и Ивана Туфегџик, Студентски пленум.

Притоа ќе бидат отворени следниве прашања:

-Некои заминуваат зашто мораат, додека пак други други затоа што не можат да чекаат подобри времиња,што ги брка младите од дома и што прави државата да ги задржи?
– Се вреднува ли кај нас способноста и колку се користи капацитетот на младите луѓе?
– Македонија старее – како да се стави крај на партиското вработување, корупцијата и бесперспективноста?

„Отворено“ е можност да се чуе и гласот на граѓаните во телевизиските дебати во Македонија, бидејќи тие ги поставуваат прашањата за говорниците.