Отворено: Владеење на правото – корупција, правда, неказнивост

Во следната емисија на Отворено ќе се дискутира за моменталната ситуација во Македонија, во контекст на владеењето на правото, дисфункционалноста на институциите и гневот на граѓаните предизвикан од неодамнешната одлука на Претседателот на Република Македонија.

Гости во емисијата се Иџет Мемети – народен правобранител на Република Македонија, Беса Арифи – доцент во областа на казненото право на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Татјана Стојановска Иванова – доктор по социлошки науки.

Прашања и пријавување се за учество се прави преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер на: http://goo.gl/26sAVs или телефонот на Отворено: 077 508 843.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето (16:00 часот – Томато продукција), а ќе се прикажува во понеделник, 18 април во 20:40 часот на ТВ 24 Вести.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканетите говорници и публиката за важни прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).