[Отворено студио] Колку е кревок мирот во Македонија?

Кои се најголемите ризици за мирот во земјава, зошто младите секогаш се во првите редови кога се случуваат кризи, како да се препознаат манипулациите и полесно да се надминат кризните состојби – ова се дел од прашањата на кои ќе се обидеме да дадеме одговор на утрешната дебата во Радио МОФ на тема „Колку е кревок мирот во земјава“ , а во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот (21 септември).

[Отворено студио] Колку е кревок мирот во Македонија?

Дебата која ја сочинуваат два панели ќе го разработи прашањето на мирот од политичко – безбедносен, но и од младински аспект.

Гости во првиот дел од дебатата се аналитичарот Благоја Марковски и професорот Мерсел Биљали. Во вториот дел ќе зборуваат психологот Мирјана Јовановска Стојановска, младиот активист Дамир Незири и Павле Богоевски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Новинари-водители се Јасмина Јакимова и Кристина Озимец.

Дебатата ќе трае од 12:15 до 13:30 часот, а покрај аудио, од неа ќе се врши и видео пренос од студиото на Радио МОФ.