Отворено: Соживот и верска толеранција

Дали е Македонија пример за вековен соживот меѓу народите со различни религиски верувања, или уште еден дел на балканското буре барут? Дали религијата и нејзините вредности се (зло)употребуваат за меѓуетнички поделби или верата може да биде мост за соживот и толеранција? Има ли политиката влијание врз верските заедници и религиозните групи? Ова се некои од прашањата на кои ќе се дебатира во следното издание на „Отворено“.

Гости во емисијата која ќе се емитува на во понеделник се Отец Игор КалпаковскиРамадан Рамадани, колумнист во Фокус и Зоран Бојаровски, новинар.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето, во 16:00 часот во Томато продукција, а ќе се емитува на 24 Вести во понеделник, 7 март, во 20:40 часот.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).