Отворено: Собранието пред распуштање?

Ќе се распушти ли Собранието на 7 април? Зошто ДУИ ги повлече министрите од владата и влегува ли државата во нова политичка криза? Ќе има ли избори на 5 јуни или нова преодна влада, се дел од прашањата на кои ќе се дискутира во новата емисија на Отворено, која се прикажува на ТВ 24 Вести.

Панелисти ќе бидат  Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз и Солза Грчева, независен пратеник, а се очекува и потврда од претставник на ДУИ.

Прашања и пријавување се за учество се прави преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер на: http://goo.gl/26sAVs или телефонот на Отворено: 077 508 843.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето (16:00 часот – Томато продукција), а ќе се прикажува во понеделник, 4 април во 20:40 часот.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканетите говорници и публиката за важни прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).