Отворено: Што ги брка младите од дома?

Според Светска банка, 16 отсто од младото население ја напуштило земјата оваа година – уште многу повеќе се со истата намера. Во понеделник (30 мај), во емисијата Отворено ќе се дискутираат следниве прашања :

-Некои заминуваат зашто мораат, додека пак други други затоа што не можат да чекаат подобри времиња,што ги брка младите од дома и што прави државата да ги задржи?
– Се вреднува ли кај нас способноста и колку се користи капацитетот на младите луѓе?
– Македонија старее – како да се стави крај на партиското вработување, корупцијата и бесперспективноста?

Прашања и пријавување се за учество се прави преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер на: http://goo.gl/26sAVs или телефонот на Отворено: 077 508 843.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето (16:00 часот – Томато продукција), а ќе се прикажува во 20:40 часот на ТВ 24 Вести.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканетите говорници и публиката за важни прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.