Отворено: Протест – гласен граѓански став кој бара да биде слушнат

Каков ефект имаат протестите на политичката криза?Какви промени донесоа протестите низ историјата на македонската независност? Граѓанскиот активизам е разбуден – ќе остане ли како коректив на секоја следна власт? Демонстрантите во обид да влијаат на политиките и да предизвикаат промени е темата во новата дебатната емисија „Отворено“, која се прикажува во понеделник на ТВ 24 Вести.

Со граѓаните ќе дискутираат: Ненад Марковиќ – професор на Правен Факултет по цивилно општество, претседател на Македонското политолошко друштво, Маријан Забрчанец- граѓански активист, дел од движењето Протестирам (Шарена револуција) и Мариглен Демири, дел од движењето Студентски Пленум.

„Отворено“ овозможува уникатна прилика да се чуе и гласот на граѓаните во телевизиските дебати во Македонија и овозможува дискусија меѓу поканетите говорници и публиката за важни прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.