Дали Македонија е подготвена за одржување на слободни, фер и кредибилни демократски избори на 5 јуни, е темата на следната емисија „Отворено“, која се прикажува на ТВ 24 Вести.
Гости говорници се Субхи Јакупи, член на Државната изборна комисија како претставник на ДУИ, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ и доц. д-р Драги Рашковски, правен факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ, Скопје.
Колку спорни гласачи откри вкрстената проверка на податоците во базите на МВР со оние на 10 други институции – зошто ДИК реши дополнително да проверува? Кога ќе почнат теренските проверки и како тие би изгледале? Како ќе се исправат грешките во избирачкиот список што ги пријавија граѓаните? Има ли шанса списокот да се прочисти до 7 април за да се одржат избори на 5-ти јуни, се само дел од прашањата на кои ќе се дебатира.
Во дискусијата учествува публиката, а пријавувањето за учество може да се направи преку следниот линк: http://goo.gl/26sAVs или на 077 508 843.
Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето, во 16:00 часот во Томато продукција, а ќе се емитува на 24 Вести во понеделник (21 март), во 20:40 часот.
„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.
ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).