Отворено пријавување за учество на Европскиот инженерски натпревар 2015

Под слоганот – Solve the puzzle, be a part of EBEC (Реши ја загатката, биди дел од ЕВЕС), БЕСТ Скопје го најавува шестото издание на овогодинешниот европски инженерски натпревар кој ќе започне на 17 февруари, а ќе трае три дена.

На првиот ден ќе се одржи форумска расправа, а наредните два ќе бидат натпреварувачки денови во две категории и тоа: Case study и Team design. Краен рок за пријавување е среда (11.02.2015) до 23:00 часот на овој линк.

Настанот ќе се одржи во просториите на кoмпанијата „Endava“ која оваа година е домаќин на натпреварот. Оние учесници кои ќе бидат победници од двата натпреварувачки денови ќе продолжат на регионално ниво во Белград, Србија, а големото финале ќе се одржи во Порто, Португалија.