Отворено предавање „Средношколско организирање на генерацијата Zoom: Како до успешни средношколски заедници?“

На 27 јануари со почеток од 18 часот преку платформата „Зум“ ќе се одржи отворено предавање со Матеј Поп-Дучев кој работи во Програмата за истражување, анализа и креирање на младински политики во Младинскиот образовен форум (МОФ), насловено „Средношколско организирање на генерацијата Zoom: Како до успешни средношколски заедници?“.

На предавањето меѓудругото ќе се обрне внимание и на прашања како „Што е средношколско учество, а што неучество? Зошто е важно учениците да учествуваат во одлучувањето уште од најмлада возраст? Како една средношколска организација да биде успешна?“ и други.

„Ако сте претседател/ка или член на средношколска заедница, сакате да формирате средношколска заедница или едноставно сакате гласот на учениците повеќе да се слуша во училиштата, тогаш ова предавање е за вас. Целта на предавањето е учесниците да се стекнат со доволно информации, знаења и вештини кои ќе можат да ги пренесат на нивните соученици и да ги применат во работата на нивните организации“, се вели во најавата за настанот на МОФ.

Заинтересираните потребно е да се регистрираат на следниов ЛИНК најдоцна до 26 јануари. Потоа, на нивната мејл адреса тие ќе го добијат линкот за вклучување на „Зум“, се објаснува во најавата за настанот.

Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.