Отворено: Помилување за изборни нерегуларности – правна или политичка логика?

Владеењето на правото пред сериозен тест – граѓаните протестираат во „одбрана на Уставот од Уставниот суд“. Уставните судии поделени во мислењето, каква порака праќа Судот со експресното процесирање на претставката поврзана со Законот за помилување? Кој ќе ги заштити граѓаните од изборна кражба и повреда на бирачките права? Дали со можноста за помилување на дела против изборите, се зголемуваат изгледите за нови изборни манипулации?

Ова се дел од прашањата на кои ќе се дебатира во новото издание на дебатната емисија Отворено на ТВ каналот 24 Вести.

Говорници ќе бидат Светомир Шкариќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје по уставно право и политички теории, Маргарита Цаца Николовска, судија на Уставниот суд на БиХ, поранешна судијка во ЕСЧП во Стразбур и во Врховниот суд на Република Македонија и адвокатот Александар Тортевски.

Поставување прашања и пријавување за учество преку социјалните мрежи фејсбук и твитер се прави на линкот http://goo.gl/26sAVs или на телефонот на Отворено: 077 508 843.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето, во 16:00 часот во Томато продукција, а ќе се емитува на 24 Вести во понеделник, 29 февруари, во 20:40 часот.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).