#Отворено: Политичката криза и влијанието врз меѓународната позиција и углед на Македонија

Втората емисија на циклусот дебати „ОТВОРЕНО“ најавува дискусија за актуелната политичка криза и колку таа влијае врз меѓународната позиција и углед на земјата.

Со граѓаните дебатираат: Љубомир Фрчкоски (Професор по меѓународно право на ПФ (УКИМ) и поранешен МНР), Артан Груби (пратеник од редовите на ДУИ и потпретседател на собраниската Делегација во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација), Ристо Никовски(поранешен амбасадор во Обединетото Кралство, Русија и Албанија) и Андреја Стојковски (Претседател на Македонски центар за европско образование (МЦЕО)).

Секој кој сака да биде дел од гостите во студиото ќе може да се пријави на http://goo.gl/26sAVs најдоцна до недела, 19 април, до 13:00 часот. Бројот на места во публика е ограничен. Учесниците во студиската публика ќе бидат контактирани од страна на организаторите.

Емисијата ќе се прикажува на 20 април (понеделник) 2015 год., со почеток од 20:45 часот, на ТВ 24 Вести.

Сите прашања, аргументи и мислења може да споделуваат #отворено.

Во дебата се очекува отворање дискусија за следните прашања: Што можат граѓаните на Македонија да очекуваат? Кои се можните опции за решение? Какви се реакциите и препораките на меѓународната заедница за надминување на предизвиците? Дали домашните институции и политички чинители имаат доволно демократски капацитет да ги разрешат проблемите преку дијалог?

Прашањата ги поставува публиката во студиото.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум.

Првата дебата од циклусот беше посветена на човековите права, а може да ја погледнете во продолжение: