[Отворено] Политичка сатира како индикатор за слободно општество

Дали застапеноста на политичката сатира како форма на слобода на изразување е показател за степенот на развој на едно демократско општество? Дали политичката сатира како форма на уметност е доволно застапена во Македонија денес?

Ова се само дел од прашањата кои ќе се дискутираат на ТВ дебатата „Отворено“, која ќе се емитува на 28 декември (понеделник), со почеток од 20:45 часот на ТВ 24 Вести.

Со граѓаните ќе дебатираат Горан Величковски, новинар и дел од хумористичната емисија „Зевзекманија“, Весна (Бејби) Петрушевска, актерка и стенд-ап комичарка, Ѕвездан Георгиевски, новинар и претставник на сатиричното списание „Коза Ностра“ и Сашо Тасевски, актер, писател, стенд-ап комичар, автор на стрипот во весникот „Фокус“.

Вашите прашања, аргументи и мислења споделувајте ги на#отворено.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум, Млади Европски Федералисти на Македонија, финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД).