Отворено: Погледи за политичката криза надвор од „пржинската четворка“

Дали моделот на затворени преговори само помеѓу „четирите лидери“ е вистинскиот за Македонија? Како да се дојде до одржливи системски решенија што ќе спречат во иднина слична ескалација на политичка криза?
Каква улога треба да имаат и останатите политички чинетели, граѓанското општество и меѓународната заедница?

Ова се дел од прашањата на кои ќе се дискутира во новото издание на дебатната емисија „Отворено“, што ќе се емитува во понеделник, на ТБ 24 Вести. Панелисти ќе бидат Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-Народна партија, поранешен премиер и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Лилјана Поповска, претседателка на зелената партија ДОМ-Демократска обнова на Македонија, пратеничка во Собранието на РМ и Ивон Величковски, претседател на Либералната партија на Македонија и поранешен пратеник во Собранието.

За учество во публика заинтересираните може да се пријават на линкот http://goo.gl/26sAVs или на телефонот 077 508 843.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).