Отворено писмо од „Ранобудните студенти“ до власта

Антивладините студентски протести се уште ја тресат Бугарија. Студентите се жалат на полициска бруталност, на игнорирањето и недостигот на демократија во земјата. Тие со отворено писмо им се обратија на владините лидери:

Отворено писмо од „Ранобудните студенти“ до власта„Шест месеци протести и два месеци окупација. Може ли некој да каже дека не сме се обиделе по демократски пат?

Ние ритаме и влечеме. Не носиме маски и не бегаме од одговорноста. На НАС ни преседна вашето безобразие. Од синоќешниот судир со полицијата дојдовме до заклучок – нејзините дејства стануваат се понесоодветни и понепримерни. Имаше удрени, имаше приведени. Нема да изигруваме жртви, туку ќе бидеме објективни. Освен оние кои си дозволија да извадат палки, имаше и полицајци кои покажуваа разум.

При судирите се задржуваа и велеа „тргнете ги девојките назад” . Но тоа е се. Полицијата била толерантна кон демонстрантите? Ние би сакале да напоменеме, гледајќи ги настаните пред овие протести, дека ние сме толерантите во случајот. Несоодветно беше да не истуркаат во тесна уличка , полна со паркирани автомобили на тротоар . Улица викаше „автомобили на тротоарот може, луѓе на патот не може“. Индикативно. Несоодветно беше да не направат мелено месо, за да може Цветлин (Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветлин Јовчев) да си го допие виното. И таму имаше тепани, поразени, но не  бевме претепани. Таму, во тесната уличка, се случи нешто многу страшно. Беа нарушени сите наши граѓански права ( во бугарското и европското право ) од луѓето кои треба да ги штитат и да ги обезбедуваат.

Толку за синоќа. Се обраќаме до т.н.. политиканти. Пак прашуваме : Нели ви е срам ?!

Не ви ли е срам дека што ја претворате државата во една болна тажна пародија? Излеговте ли еднаш да видите на што личи фасадата на парламентот? Домати , јајца, зелка, марула- салата . Дали сфаќате дека шест месеци, пред бугарскиот Парламент: се пиеше кафе, стоеше летачката чинија за вонземјани и чекаше да ве однесе; имаше картонски тенкови, бели автобуси и амбулантни возила; имаше болен „Волен“; Маја беше пуштена да се прошета со картон; човек си ја донесе ВЦ школката; имаше плажа на која луѓето беа во костими за капење со влечки и крпи и што ли уште не . И сето тоа пред Бугарскиот парламент!

Ја погребавме „Слободата ” , го погребавме „Парламентот ” , се вративме во „Транзицијата” , Некрошарски поднесе оставка и изгоре пред новоизградениот „Берлинскиот ѕид” . Шест месеци на задни влезови и задни излези , бели автобуси и црни автомобили, полициски кордони и железни огради, лаги по медиумите и смешни објаснувања. За шест месеци станавте повод за смеење пред целиот свет. На Бугарија и се смее целиот свет – заради вас .

Зарем не Ви е срам?

И за што? За што работите вие ? Имате ли обединувачка национална кауза, која ќе го брани и ќе го легитимира упорното тресење на власта? Ја чувствувате ли „ поддршката на народот”, која ја снемува секој пат и тоа благодарение на дебелиот полициски кордон ? Дојде некој по своја желба да ви даде поддршка? Воопшто – има ли некој кој би излегол за ваша поддршка, ако не е загрозен/повикан/платен? За кого продолжувате да стоите таму кога никој не ве сака ?

До кога ќе ја  користите бугарската полиција за лична стража? Не ви ли е срам што овие луѓе шест месеци не можат да се приберат, немале нормална смена? Не ви ли е срам што како нас и овие луѓе нема да видат празници, единствено и само затоа што сте одлучиле да ја држите власта по секоја цена? Или извинувањето ви е „тоа им е работа”? Не , не е!  Нивната работа е да го чувааат јавниот ред. Прашуваме – кој е општеството? Ние или вие?

Дали сфаќате дека ја пративте Бугарија во дното од дното и единственото што го правите е да ја закопате уште подлабоко? Цветлине , Чобанов – секој пат е така ! Нема да имате мир. За сите се однесува тоа. Пацо, оставка!

Смачено ни е. Уморни сме да не игнорирате бидејќи сме мирни. Уморни сме од зборување глупости по медиумите. Уморни сме да ви ги слушаме идиотиите во пленарната сала. Уморни сме да гледаме како едната дружина се кара со другата кој да го земе залакот на народот. Вие не сте политичари. Немате јазик на политичари. Немате однесување и свест на политичари. Вие сте само обични селски бегови. Ништо друго. Местото не ви е тука и ние НЕ ве сакаме. Одете си. Оставете не да дишеме . Одете! И пречите на светлината на крајот од тунелот.

Најдолната лага е дека бугарската држава ќе се распадне ако си дадете оставка, ги замачкува единствено и само вашите и без тоа замаглени очи . Оваа држава ја имало и ќе ја има далеку пред и по вас! И таа нема потреба од вас.

Одете си!“

Извор