Отворено: Можна ли е пресвртница во политичката криза?

Во понеделник (9 мај), во емисијата „Отворено“ ќе се дебатира за можна пресвртница во политичката криза. Во неа ќе се дискутира и за прашањата:

– Јоханес Хајндл ќе бара нов пат за спас на Македонија од ќорсокакот

– Аболицијата мора да се повлече – порача и претседавачот со Советот на ЕУ

– Избори или техничка влада – граѓаните во неизвесност – роковите за одлука притискаат

– Протестите не запираат – граѓанските барања до преговарачката маса ќе допираат од улицата

Говорници во емисијата се Горан Рафајловски, поранешен Амбасадор на РМ во Германија, Малинка Ристевска – Јорданова, директорка на Институтот за европска политика (ЕПИ) и Љупчо Поповски, новинар во Утрински Весник.

Прашања и пријавување се за учество се прави преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер на: http://goo.gl/26sAVs или телефонот на Отворено: 077 508 843.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето (16:00 часот – Томато продукција), а ќе се прикажува во понеделник, 18 април во 20:40 часот на ТВ 24 Вести.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканетите говорници и публиката за важни прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.