Отворено: Граѓанска перспектива за аерозагадувањето

Пресметките велат дека загадувањето годишно ја чини Македонија 253 милиони евра и е причина за 1350 смртни случаи. Но, дали институциите преземаат се што треба да се намали штетното влијание, дали граѓанските протести имаат влијание врз јавните еколошки политики и каков воздух дишат луѓето?

Ова се дел од прашањата на кои ќе се дискутира во новото издание на дебатната емисија „Отворено“, што ќе се емитува во понеделник, со почеток од 20:40 часот на ТВ 24 Вести.

Панелисти ќе бидат Ненад Коциќ, од велешката еколошка организација „Вила Зора“, Душко Груевски од „За нас се работи“ – Битола, Ана Чоловиќ од „Еко Свест“ – Скопје и Арианит Џафери, „ЕкоГерила“ – Тетово.

За учество во публика заинтересираните може да се пријават на линкот http://goo.gl/26sAVs или на телефонот 077 508 843.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).