„Отворено“: Довербата на граѓаните во јавните институции

Шесттата емисија на „Отворено“ најавува дискусија за „Како да се осигураме дека јавните институции работат за доброто на граѓаните, а не за партиите? Што треба да се направи од денес до април следната година за да сме сигурни дека јавните институции имаат капацитет и можат да спроведат слободни и фер избори? Дали е возможно да се постигне еднаков терен за игра, без оглед на тоа кој е на власт? Дали партиите, политичарите, медиумите, меѓународната заедница, а и самите граѓани имаат улога при обезбедувањето на ефикасен надзор врз јавните институции?“

Со граѓаните ќе дебатираат Ивон Величковски, претседател на Либералната Партија на Македонија, Ермира Мехмети, доктор по правни науки, пратеничка на Демократската Унија за Интеграција и претседател на комитетот на односи меѓу заедниците, Јове Кекеновски, Универзитетски професор и аналитичар, член на Форумот на слободоумни патриоти и Оливер Спасовски, генерален секретар на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Емисијата ќе се емитува на 15 јуни (понеделник) 2015, со почеток од 20:45 часот на ТВ 24 Вести.

Секој кој сака да биде дел од гостите во студиото ќе може да се пријави на овој линк или на телефонскиот број 077 508 843 најдоцна до недела, 14 јуни. Бројот на места во публика е ограничен. Учесниците во студиската публика ќе бидат контактирани од страна на организаторите.

Прашањата, аргументите и мислењата, публиката може да ги споделува користејќи го хаштагот #отворено.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум, финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД).