Отворенo 26 издание на „Анимафест Загреб“

Со доделувањето на Наградата за исклучителен придонес во анимацијата на Џаналберто Бендаци и прогласувањето за најдобра школа за анимација на Универзитетот за уметност и дизајн Мохоли-Наѓ од Будимпешта, вчеравечер во Загреб беше отворено 26. издание на „Анимафест“.

Наградата за животно дело му беше доделена на белгискиот аниматор Раул Серве, а наградата за исклучителен придонес во проучувањето на анимациската уметност на полскиот режисер и продуцент Марчин Гришки.

Во шест фестивалски денови на неколку локации – кино „Европа“, кино „Тушканац“, Загрепскиот центар за танц и Музејот на современа уметност ќе бидат прикажан над 300 анимирани наслови од цел свет, а ќе бидат одржани и работилници за видео-игри, изложби, конференции, осврти…

 

„Анимафест“ е единствениот хрватски фестивал од А-категорија, чии добитници во краткометражната конкуренција директно се квалификуваат за Оскар. Токму и наградата Оскар е тематската целина на годинешното издание, а маскотата на фестивалот е ликот од цртаниот филм „Сурогат“ (1961) на Душан Вукотиќ, добитник на Оскар во 1962 година.

Фото: Нина Ѓурѓевиќ и Самир Цериќ Ковачевиќ