Отворено 13-тото издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Во Центарот за култура, синоќа свечено беше отворен фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традицонално по тринаесетти пат се одржува во Дебар.

Првата вечер на фестивалот се претстави Кумановскиот театар со драмската претстава „Бодигарди“ од авторот Џон Годберг во режија на Жазмедин Нуредини, кои за својата изведба беа поздравени со буреан аплауз од публиката.

Вечерва со претствата „Кујни“ во режија на Илир Бокши ќе настапи Театарот од Тетово, а во наредните денови и актери од Тирана, Приштина и Прешево, додека на последната вечер пред дебарчани ќе настапи Националниот балет од Приштина.

Фестивалот е подржан од Министертвото за култура на Република Македонија, локалната власт и други спонзори, а  завршува на 21 октомври со доделување на наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.