Отворени предавања на профeсорот Ендрју Вилсон на Филозофски факултет

Профeсорот Ендрју Вилсон од Оксфордскиот универзитет ќе одржи серија отворени предавања од областа на римската археологија, фокусирани на римската економија и производство. Предавањата ќе се одржат на Филозофскиот факултет, од 14 до 16 април и се отворени за сите заинтересирани посетители.

Настанот е поддржан од фондацијата „Кирил Трајковски,” како резултат на соработката меѓу Филозофскиот Факултет во Скопје и Катедрата за археологија на Оксфордскиот универзитет.

Предавачот Ендрју Вилсон е редовен професор по римска археологија и тековен раководител на Катедрата.

„The archaeology of economic institutions“ е насловено предавањето кое ќе се одржи на 14 април, од 12 до 14 часот. Во истиот период, на 16 април, е најавено второто предавање „Before the pin factory: Division of labour and mass production in the Roman economy“.