Отворени филмски проекции на „Џган“ и „Петрунија“ на Школка

На 18 и 19 јули, на Школка во скопскиот Градски парк, се најавени бесплатни филмски проекции на два македонски филма.

На 18 јули, со почеток во 21 часот, ќе има проекција на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“во реѓија на Теона Стругар Митевска.

Во Штип, мало гратче во Македонија, секој јануари локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката, а стотици мажи со нуркање сакаат да дојдат први до него. Среќата и просперитетот се загарантирани на човекот кој ќе го фати прв.  Петрунија неочекувано се фрла во водата од каприц и успева да го фати крстот пред другите. Нејзините конкуренти се бесни – како се осмелува жена да учествува во нивниот ритуал? Настанува општ хаос, но Петрунија опстојува на своето. Таа го освои својот крст и нема да се откаже.

Следниот ден, на 19 јули, во 21:30 часот е најавена проекцијата на „Џган“, во режија на Вардан Тозија.

Проекциите се прават во рамки на фестивалот „Самерленд“, во организација на Младинскиот културен центар Скопје.