Отворени денови на ФЕИТ

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) организира онлајн отворени денови за сите заинтересирани матуранти и средношколци. Заинтересираните ќе можат да се информираат за седумте програми од прв циклус, односно додипломските студии. На онлајн отворените денови ќе биде образложен начинот и условите за конкурирање одностно запишување на ФЕИТ.

„Ќе ви се претстават тековните студенти со своите успешни проекти, а исто така ќе можете да стапите во контакт со веќе успешни ФЕИТ дипломци и магистранти кои со вас ќе ја споделат нивната ФЕИТ приказна. Ќе можете да се вклучите и да ги следите презентациите, а на располагање за сите ваши прашања во врска со студирањето на ФЕИТ ќе ви бидат тековните студенти, како и Продеканот за настава“, велат од ФЕИТ.

Во текот на трите отворени денови, кои траат од 4 до 6 март, учесниците ќе можат да се натпреваруваат во турнири „Кантер страјк“ и шах, а за приклучивањето кон овие активности е во рамките на „GAMING@FEEIT“.

Онлајн отворените денови ќе можат да се следат преку вклучување во живо од платформата „Зум“.