Отворена средба за можностите за стипендирање во Канада, со Метју МекДоналд во МОФ

Отворена средба за можностите за стипендирање во Канада, со Метју МекДоналд во МОФ   Метју МекДоналд, претставник од Колеџот Хамбер во Канада утре (четврток, 26 март) ќе одржи средба со сите заинтересирани ученици кои сакаат да се информираат за можностите за стипендирање и продолжување на своето образование во Канада. Почетокот на отворената средба е најавен во 18 часот, во просториите на МОФ.

Сите заинтересирани кои ќе дојдат на настанот ќе имаат можност да се запознаат со начините и можности за стипендирање во Канада, со видовите стипендии и начинот на аплицирање. Присутните ќе добијат совети за пишување квалитетна апликација, но ќе им биде објаснета и разликата меѓу колеџ и универзитет во Канада, видови програми за студирање.

Повеќе информации за Хамбер Колеџ може да се добијат на официјалната веб страница www.humber.ca, а сите заинтересирани за учество на средбата е потребно да се пријават на следниов ЛИНК.