Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!

Од недела (13.04), канцеларијата на Хелсиншкиот Комитет ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право на првиот круг од претседателските избори, соопштуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.

Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!

Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на нова локација односно на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр. 83. Доколку ви е потребна мапа за новата локација на Комитетот можете да ја најдете на официјалната веб-страница www.mhc.org.mk.

Случаите на повреда на избирачкото право граѓаните ќе можат да го пријават и преку отворената фиксна и мобилна телефонска линија: +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)78 252 812.

Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е- пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право. „Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност“, велат оттаму.

Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Комитетот и истите нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните кои ја пријавиле повредата.