Отворена Канцеларијата за млади во општина Центар

Општина Центар, синоќа ја отвори Канцеларијата за млади, која ќе биде линк меѓу општината и младите, не само од Центар, туку и од цело Скопје.

Канцеларијата за млади, која ќе биде линк меѓу општината и младите, не само од Центар, туку и од цело Скопје.

Канцеларијата е сместена во самиот центар на градот, позади некогашна „Автомакедонија “. Синоќа на едно место се собраа луѓе од невладиниот сектор, од независната културна сцена, млади активисти, глумци и музичари, писатели и архитекти, советници и вработени во општина Центар.

Иван Јованов од Националниот младински совет, Горан Танески – МОФ и Александар Стојановски од иницијативниот одбор за локален младински совет –  Центар го искажаа задоволството од соработката и отвореноста на општина Центар и на градоначалникот Андреј Жерновски. Посочија дека ова ќе им служи на младите, дека ќе значи нивно обединување и поврзување без разлика на партиска припадност, националност или вера.

Канцеларијата за млади, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски е место каде што од утре почнувате со работа и тоа слободно, како што им наликува на младите.

Тој ги повика сите млади од Скопје да ги приложат своите проекти и идеи за да се направи поубав живот за сите, особено за младите кои треба да останат во државата и да бидат нејзина движечка сила.