Отворена изложбата „Мојот универзум“ по повод Меѓународниот ден на лица со хендикеп

Изложбата „Мојот универзум“, со која Националната галерија на Македонија (НГМ) го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, од денеска е отворена во галеријата Чифте амам.

Изложбата е работена по моделот социјална инклузија. Станува збор за ликовни работилници кои НГМ ги организираше во соработка со три средни училишта – скопските гимназии „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“ (учениците од Меѓународна матура) и училиштето „Партенија Зографски“ за деца со оштетен слух и говор. Изложбата на изработени дела ќе може да се посети во наредните денови.

Ова е првпат на ваков начин Националната галерија да го одбележува овој ден.

„Ние, како Национална галерија на Македонија, ги отвораме вратите кон ранливите категории и организираме изложби. Една од нив што ја организираме со години е по повод Светскиот ден на аутизмот“, истакна Маја Димитрова, едукатор во Националната галерија на Македонија.