Отворена изложбата „Лица и улици“ на младиот фотограф Никола Јовановиќ

Во Галеријата „КО-РА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вчера беше отворена изложбата на Никола Јовановиќ насловена „Лица и улици“. Изложени се 55 фотографии настанати во периодот од последните две години 2019/2021.

Инспириран од урбаното катадневие на Скопје, на фотографиите се во црно бела техника и колор претставени лица од јавниот и културен живот на градот, од повеќе генерации, во најразлични амбиенти.

„Но, тие секој одделно звучат впечатливо и моќно во својата непретенциозност доловувајќи едновремено сугестивно широк спектар на најразнородни емотивни, психолошки, социолошки сегменти и разнородни расположениа. Тие со својата едноставност говорат на нарјарзнороден начин укажувајќи на сеобилството на најразнородни природи, карактери и сензибилитети, на многуслојноста на психолошките профили на секое битие одделно … независно да ли се затечени во ентериер, екстериер во урбаното или субурбаното катче…Тие говорат за животот кој пулсира со својот ритам и обилство разнородни специфики и сегменти од колективната меморија…кои успева да го долови токму објективот на младиот фотограф, укажувајќи едновремено на моќта на фотографијата која е се помоќна и позастапена во сите сегменти на денешницата“, истакна Виолета Калиќ по повод отворањето на изложбата.

Ова е прва самостојна изложба на младиот фотограф кој завршува 4 година на одделот за мултимедиа во ДСУЛУД „Лазар Личеновски“ од Скопје, изуучувајќи ја две години и формално фотографијата како предмет кај професорот Боро Арсовски.

Фото: Виолета Калиќ / Фејсбук