Отворена изложба на графичкиот дизајнер Зоран Кардула во Тирана

Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана вчера беше отворена изложба на графичкиот дизајнер Зоран Кардула.

Организаторите велат дека делата на еден од најреномираните македонски современи уметници кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност.

Оттаму посочија дека изложбата ќе биде отворена во следните неколку месеци.