Oтворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено беше отворена Интернационална летна школа за архитектура и дизајн што веќе втора година се одржува во организација наУниверзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн.

На свеченоста присуствуваа и Токиските архитекти, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, основачи на  едно од најиновативните архитектонски бироа во светот, „Bow Wow“, во Токио.

Oтворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Летната школа за архитектура и дизајн е проект во рамките на активностите на Охридско лето. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска поздравувајќи ги архитектите учесници на Интернационална летна школа и студенти на Универзитет Американ Колеџ Скопје се заблагодари за соработката и учеството на Охридско лето, фестивал кој од минатата година широко ги отвори вратите за креативните индустрии.

-Архитектурата како дел од Фестивалот предизвикувa огромен интерес и кај публиката и кај медиумите. Токму тие го препознаат квалитетот и значењето на овој седумдневен проект со кој започна реализацијата на идејата, Фестивалот Охридско лето да живее преку цела година односно да има активности и надвор од традиционалната уметничка рамка 12 јули – 20 август кога ни се случува магијата на музиката која плени и впечатокот кој се врежува со прекрасните изведби на театарските уметници, рече Јанкуловска. Таа ги запозна учесниците на Летната школа со историскиот развој на Охридско лето, неговото значење и улога во севкупниот развој на културното делување.

Извор