Отворена дискусија на германскиот министер Михаел Рот со студенти од УКИМ

Државниот министер, надлежен за Европа, во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија. Утре (2 февруари), со почеток во 9:30 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први” при УКИМ ќе има отворена дискусија со студентите.

Тема на дискусијата ќе биде моменталната политичка и општествена ситуација како и проблемот со емигрирањето на сѐ поголем број млади од државата.

За време на посетата во Македонија, како што соопштија од Германската амбасада во Скопје тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика.

„Предвидени се разговори со претставници на Владата и опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, Ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија“, соопштија од Амбасадата.