[Отворена дебата] Законска регулација на употребата на дроги

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ вечерва организираат дебата на која ќе биде отворено прашањето за соодветна законска регулација на употребата на дроги.

[Отворена дебата] Законска регулација на употребата на дроги

Истовремено, во рамките на отворената дебата ќе биде промовиран вториот број на списанието „Дроги – Политики и практики“, чија носечка тема е „Дроги и законодавство“.

На дебатата ќе зборуваат: Мариглен Демири од „Солидарност“, Влатко Деков од здружението „ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје“, Филип Достовски од „Зелена алтернатива“ и Јака Битенц од Словенечкиот социјален клуб за канабис. Модератор на дебатата ќе биде Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Дебатата ќе започне во 19:30 часот, во просториите на Автономниот Културно Социјален Центар, на ул. „Борка Талески“ 26, 1000 Скопје.