Отворен состанок на Средношколскиот пленум на „Школка“ во Градскиот парк

Средношколскиот пленум информира дека на 1 март (недела) на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје во 12 часот организира отворен состанок поврзан со организирањето на интерните пленуми, нивното функционирање и координација.

Настанот има за цел ги информира младите за делувањето на Пленумот, идните активности, интерните пленуми. Средношколскиот пленум ги очекува и Вашите мислења и ставови кон подобрување на процесот на младинско учество, како и консултации за идните мерки како „пленумци“.